Претседателот Ердоган го пречека киргискиот претседател Џапаров во Анкара со официјална церемонија

По официјалниот пречек, двајцата претседатели Реџеп Тајјип Ердоган и Садир Џапаров, преминаа на средба лице в лице

1654923
Претседателот Ердоган го пречека киргискиот претседател Џапаров во Анкара со официјална церемонија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска го пречека со официјална церемонија во Анкара претседателот на Киргистан Садир Џапаров кој допатува во посета на Турција.

Возилото во кое се наоѓаше киргискиот претседател на улицата пред претседателската палата „Куллијето“ беше пречекано со коњаници кои го придружуваа до влезната врата.

На одржаната официјална церемонија што се одржа под интензивен дожд, претседателот Ердоган го пречека својот киргиски претседател пред влезната врата.

Откако двајцата претседатели, Ердоган и Џапаров го зазедоа своето место на местото на церемонијата беа интонирани националните химни на двете земји и беа истрелани 21 топовски истрел.

Киргискиот претседател Садир Џапаров почесната гарда ја поздрави на турски „Мерхаба аскер“ („Здраво војска“).

На церемонијата зазедоа место и знамињата и војниците кои ги претставуваат 16-те турски држави формирани во историјата.

Двајцата претседатели Ердоган и Џапаров, потоа ги претставија своите делегации и позираа за новинарите на степениците пред знамињата на Турција и Киргистан.

На церемонијата од турска страна присуствуваа и потпретседателот Фуат Октај, министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу, министерот за трезор и финансии Лутфи Елван, министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој и министерот за трговија Мехмет Муш, како и шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун и портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин. 

Претседателот на Киргистан Садир Џапаров пак, за време на посетата го придружуваат министри и високи воени функционери.

По официјалниот пречек, двајцата претседатели Реџеп Тајјип Ердоган и Садир Џапаров, преминаа на средба лице в лице.

 



Слични вести