МНР: Потврдената доживотна затворска казна на Младиќ е правилна од аспект на задоволување на правдата

МНР на Турција објави соопштение во кое се истакнува дека потврдената доживотна затворска казна на Младиќ, иако не ги стишува болките на блиските на жртвите во геноцидот во Сребреница, е правилна од аспект на задоволување на правдата

1654660
МНР: Потврдената доживотна затворска казна на Младиќ е правилна од аспект на задоволување на правдата

Турција соопшти дека потврдената доживотна затворска казна на поранешниот воен командант на босанските Срби Ратко Младиќ познат по прекарот „Касапот од Босна“, иако не ги стишува болките на блиските на жртвите во геноцидот во Сребреница, претставува правилна одлука од аспект на задоволување на правдата.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи, во врска со потврдената доживотна затворска казна на Младиќ од страна на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови  (МРМКС) во Хаг, Холандија, се вели следното: „Иако оваа одлука не ги стишува болките на блиските на жртвите во геноцидот во Сребреница, претставува правилна одлука од аспект на задоволување на правдата.“

Во соопштението се потсетува дека поранешниот воен командант на босанските Срби Ратко Младиќ познат по прекарот „Касапот од Босна“ поради извршен геноцид, злосторство против човештвото и кршење на законите на војување во периодот од 1992 до 1995 година, е осуден на доживотна затворска казна.

Се вели дека обжалената првостепена пресуда на Младиќ за доживотен затвор вчера беше потврдена од страна на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови (МРМКС), а воедно се изнесува и следната констатација: „Иако оваа одлука не ги стишува болките на блиските на жртвите во геноцидот во Сребреница, претставува правилна одлука од аспект на задоволување на правдата. Покасуваме оваа пресуда да биде во услуга на општествениот мир и компромис во Босна и Херцеговина и да придонесе да не бидат извршени слични злосторства.“ 

Поранешниот воен командант на босанските Срби Ратко Младиќ за време на војната во Босна и Херцеговина во периодот од 1992 до 1995 година е прогласен за виновен за геноцидот во Сребреница, опсадата на Сараево и за други разни извршени воени злосторства и злосторство против човештвото.

Инаку, по подготвеното обвинение во врска со поранешниот воен командант на босанските Срби Ратко Младиќ кој се криеше скоро 16 години тој беше уапсен на 26 мај 2011 година во Србија, а по шест дена беше екстрадиран во Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија во Хаг, Холандија, каде од 31 мај 2011 година се наоѓа во притвор во затворот Шевенинген.

Судскиот процес против Младиќ започна во мај 2012 година.

Ратко Младиќ кој ја обжали изречената првостепена казна за доживотен затвор од страна на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија во ноември 2017 година, наведе дека „не му било судено праведно“ и дека „судиите при донесување на пресудата направиле материјална и правна грешка“ бараше да биде ослободен од обвинението или повторно да му се суди.

Жалбените рочишта на Младиќ беа одржани на 25 и 26 август 2020 година, а неговото барање за нивно одложување поради здравствени причини беше одбиено од страна на Судот, по што 78-годишниот Младич лично учествуваше на рочиштата и самиот ја подготви својата одбрана.

 



Слични вести