Ердоган: Да се покажува почит кон суверените права и безбедносната чувствителност на Турција

Претседателот Ердоган во врска со престојниот самит на НАТО, во понеделник, во белгискиот главен град Брисел, рече: „Ќе ги повториме нашите предлози за соработка по прашањето на борбата против тероризмот и ефикасната борба против хуманитарните кризи“

1654750
Ердоган: Да се покажува почит кон суверените права и безбедносната чувствителност на Турција

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и претседател на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) говореше пред Пратеничката група на својата партија во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

Ердоган истакна дека очекувањето од НАТО е да се покажува почит кон суверените права и безбедносната чувствителност на Турција

Тој рече: „Ќе ги повториме нашите предлози за соработка по прашањето на борбата против тероризмот и ефикасната борба против хуманитарните кризи.“

Претседателот Ердоган појасни дека во пеоцесот на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) Турција ги надмина сите тешкотии од политиката до економијата и до здравството и дека со тоа застана во одбрана на правото, правдата и иднината на нејзините 84 милиони граѓани.

Нагласувајќи ја точката до која е дојдено во борбата против тероризмот, претседателот Ердоган рече: „Нашата борба против терористичките организации, криминалните организации, против заканите насочени кон нашите граници, против нападите насочени против нашиот суверенитет, ги водевме и ги поразивме заедно со нашиот народ, а не со помош на други.“ 

„Со сета сила ќе продолжиме да велиме дека светот е поголем од пет (од Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Франција, Кина и Русија кои се постојани членки и располагаат со право на вето на резолуциите во Советот за безбедност на Обединетите нации). Да ги браниме правдата и слободата за нас самите, за нашите пријатели и за сите угнетени. Во суштина го презентираме истиот приод на секоја платформа во којашто заземаме место како Турција. На самитот на НАТО на кој ќе учествуваме во понеделникот (во главниот град на Белгија, Брисел) ќе ги разгледаме со нашите соговорници прашањата коишто се наоѓаат на нашиот дневен ред. Апсолутно нема да стане збор за било каква отстапка.“ - рече Ердоган. 

Подвлекувајќи дека Турција е најзначајна членка на НАТО која ги исполнила онака како што треба сите свои задачи коишто и се паѓаат во рамките на сојузот, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го подвлече следното: „Нашето единствено очекување од нашите други сојузници во Сојузот, е да се почитуваат суверените права и безбедносните чувствителности на ншата земја. Ќе ги повториме нашите предлози за соработка по прашањето на борбата против тероризмот и ефикасната борба против хуманитарните кризи.“

 



Слични вести