Во воздушна операција на северот на Ирак се неутрализирани двајца терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во реализирана воздушна операција во областа Гара во северниот дел на Ирак се неутрализирани двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1654079
Во воздушна операција на северот на Ирак се неутрализирани двајца терористи

Во областа Гара во северниот дел на Ирак се неутрализирани двајца терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува следното: „За терористите не е безбедно ниту едно место! Со реализирана успешна воздушна операција на нашите Воздухопловни сили се неутрализирани двајца терористи на ПКК кои како резултат на координираните работи на нашите Турски вооружени сили (ТВС) и нашата Национална разузнавачка служба (МИТ) се утврдени во областа Гара во северниот дел на Ирак.“

Националната разузнавачка служба (МИТ) фрли потпис на уште една успешна операција и на 6 јуни во чии рамки беше неутрализиран т.н. висок раководител на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и главниот одговорен за Махмур Селман Бозкир познат под кодното име „Доктор Хусејин“.

 



Слични вести