Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 86 лица, регистрирани се 6.609 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 86 лица, направени се 225.527 тестирања од кои се регистрирани 557 новозаболени, дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 6.609 лица

1654261
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 86 лица, регистрирани се 6.609 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 86 лица.

Бројот на смртните случаи од почетокот на епидемијата достигна вкупно 48.341. 

Во изминатите 24 часа се направени 225.527 тестирања од кои се дијагностицирани 557 новозаболени. 

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 6.609 лица.

Заврши лекувањето на уште 5.836 лица со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 5 милиони 173 илјади 186 лица.

Во меѓувреме, според постојано ажурираните податоци на интернет адресата на Министерството за здравство covid19asi.saglik.gov.tr заклучно со денеска 08 јуни 2021 година, вторник, во 23:00 часот (по турско време) бројот на администрираните вакцини против Ковид-19 во Турција изнесува вкупно 31 милион 452 илјади 146 дози од кои 18 милиони 148 илјади 562 лица се вакцинирани со првата доза, а 13 милиони 303 илјади 584 лица по првата доза ја примија и втората доза вакцина.

 



Слични вести