Во подрачјата на операциите Извор на мирот и Еуфратски штит во Сирија се неутрализирани 6 терористи

Во подрачјата на операциите Извор на мирот и Еуфратски штит на северот на Сирија се неутрализирани 6 терористи, во операцијата „Ерен-11“ кај градот Ширнак е неутрализиран еден терорист, а тројца терористи се неутрализирани во близина на Башкале кај Ван

1653122
Во подрачјата на операциите Извор на мирот и Еуфратски штит во Сирија се неутрализирани 6 терористи

Во подрачјата на операциите Еуфратски штит и Извор на мирот во северниот дел на Сирија се неутрализирани 6 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува следното: „Нема премин за тероризмот и терористите. Нашите командоси кои се гаранција за спокојството и безбедноста неутрализираа 6 терористи на ПКК/ЈПГ од кои двајца  отворија провоцирачки оган во подрачјето на операцијата Еуфратски штит и четворица во подрачјето на операцијата Извор на мирот.“

Исто така и во објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи се истакнува дека во во реализираната операцијата од страна на командоските единици во рамките на операцијата „Ерен-11“ во областа на долината Тушимија на планината Џуди кај градот Ширнак е неутрализиран еден терорист.

Во соопштението се вели дека операцијата во подрачјето продолжува.

Во меѓувреме, во едно објавено друго соопштение од страна на Министерството за внатрешни работи се истакнува дека во рамките на операцијата „Ерен-1“ во руралното подрачје на населеното место Башкале кај градот Ван се неутрализирани тројца терористи од кои еден од списокот на барани терористи од категоријата означена со сива боја.

Станува збор за терористот Ѓогхан Демир познат под кодното име „Агит“ т.н. одговорен на сепаратистичко-терористичката организација ПКК за Башкале.

 



Слични вести