Во операцијата „Шепа-Гром“ во северниот дел на Ирак загина еден турски војник

Во операцијата „Шепа-Гром“ во северниот дел на Ирак беше ранет еден турски војник кој нагазна на експлозивна направа од рачна изработка по што веднаш беше префрлен во болница, но и покрај сите напори на лекарите им подлегна на раните и стана шехид

1652798
Во операцијата „Шепа-Гром“ во северниот дел на Ирак загина еден турски војник

Министерството за национална одбрана (МНО) соопшти дека во рамките на операцијата „Шепа-Гром“ (Pençe-Yıldırım“) којашто се реализира против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак, беше ранет еден турски војник кој нагазна на експлозивна направа од рачна изработка.

Ранетиот постар наредник Самет Шеќер веднаш беше префрлен во болница, но и покрај сите напори на лекарите им подлегна на раните и стана шехид (го загуби животот).

Во објавеното соопштение од Министерството за истакнува следното: „На нашиот честит шехид кој го загуби својот живот во овој настан кој не облеа во длабока болка и тага, му посакуваме милост од Аллах, го изразуваме нашето сочувство до неговото  тажно семејство, Турските вооружени сили (ТВС) и до нашиот племенит народ. Им посакуваме трпение.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар исто така објави порака со сочувство по повод загинатиот турски војник постар наредник Самет Шеќер.

Министерот Акар во пораката го напиша следното: „Нашиот јуначки соборец стана шехид на 6 јуни 2021 година. Во мое лично име и во име на припадниците на Министерството за национална одбрана на нашиот јунчаки шехид му посакувам милост од Аллах, изразувам сочувство до неговото тажно семејство и до нашиот племенит народ. Посакувам трпение.“

 



Слични вести