Турција објави порака со сочувство за загинатите во железничката несреќа во Пакистан

Министерството за надворешни работи на Турција објави порака со сочувство за загинатите во железничката несреќа во Пакистан во која според најнови информации загинаа повеќе од 38 лица, а над 64 лица се повредени

1653164
Турција објави порака со сочувство за загинатите во железничката несреќа во Пакистан

Турција објави порака со сочувство поради загинатите во железничката несреќа што се случи во провинцијата Синд во Пакистан и во која животите ги загубија повеќе од 38 лица, а над 64 лица се повредени.

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува следното: „Со длабоко жалење е дознаено за повеќе од 30 загинати лица и големиот број повредени во железничката несреќа што се случи во областа Готки во провинцијата Синд, во Пакистан. На загинатите во оваа трагична несреќа им посакуваме милост од Аллах, на повредените или посакуваме побрзо оздравување, го изразуваме нашето сочувство до пријателската пакистанска влада и братскиот пакистански народ.“ 

Инаку, во железничката несреќа што се случи откако се откачил еден од вагоните на патничкиот возот којшто се движел во областа Готки во провинцијата Синд и се судрил со друг патнички воз којшто доаѓал од спротивна насока, според најнови добиени информации загинаа повеќе од 38 лица, а над 64 лица се повредени.

Надлежни истакнуваат дека се откачил едниот од вагоните на патничкиот возот којшто се движел во областа Готки во провинцијата Синд и се судрил со друг патнички воз којшто доаѓал од спротивна насока.

 



Слични вести