МНО: Пријателските и сојузнички земји треба да ја прекинат поддршката на ПКК/КЏК/ЈПГ

Министерството за национална одбрана објави соопштение во кое се истакнува дека треба да се види вистинското лице на терористичката организација ПКК/КЏК/ЈПГ и пријателските и сојузнички земји треба да ја прекинат поддршката на ПКК/КЏК/ЈПГ

1652795
МНО: Пријателските и сојузнички земји треба да ја прекинат поддршката на ПКК/КЏК/ЈПГ
msb milli savunma bakanligi.jpg

Министерството за национална одбрана (МНО) соопшти дека сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК/ЈПГ со реализираниот напад против силите Пешмерги во градот Дохук во северниот дел на Ирак уште еднаш покажа дека е најголемата препрека пред мирот, спокојството и стабилноста во подрачјето.

Во објавеното соопштение од Министерството им се посакува милост на Ирачаните кои загинаа во нападот, а на ранетите им се посакува побрзо оздравување.

Во соопштението се истакнува дека сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК/ЈПГ реализира напад врз Пешмергите со што уште еднаш покажа дека е најголемата препрека пред мирот, спокојството и стабилноста во подрачјето, а воедно се напоменува дека нападот кој нема за цел да се одбранат Курдите покажа дека терористичката организација не може да биде претставник на Курдите. 

Во објавеното соопштение на Министерството за национална одбрана (МНО) се вели следното: „Треба да се види вистинското лице на терористичката организација ПКК/КЏК/ЈПГ и особено пријателските и сојузнички земји треба да ја прекинат поддршката на ПКК/КЏК/ЈПГ, пред се во оружје и муниција. Турција е одлучна целосно да ја елиминира оваа предавничка терористичка организација со крвави раце која на нашиот регион не му носи ништо друго освен неспокојство, нестабилност, крбв и солзи. Турција е спремна на соработка со нејзините соседи по ова прашање. Како и секогаш ние постојано сме покрај нашите Ирачки браќа и сме спремни да ги поддржуваме во нивната борба против тероризмот, почитувајќи го територијалниот интегиртет и суверенитетот на нашите соседи.“

 



Слични вести