Мевлут Чавушоглу се состана во Париз со својот француски колега Жан-Ив Ле Дријан

на остварените средби и разговори беа разменети мислења во однос на регионални прашања на чело со Либија и Сирија и претстојниот Самит на НАТО, а воедно беа разгледани и односите помеѓу Турција и Франција и Турција и Европската унија (ЕУ)

1653402
Мевлут Чавушоглу се состана во Париз со својот француски колега Жан-Ив Ле Дријан

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во главниот град на Франција, Париз кадешто престојува во официјална посета се состана со францускиот министер за надворшени работи Жан-Ив Ле Дријан.

По средбата лица в лице помеѓу двајцата шефови на дипломатии, Чавушоглу и Ле Дријан, се премина на меѓуделегациски разговори.

Како што се истакнува, на остварените средби и разговори беа разменети мислења во однос на регионални прашања на чело со Либија и Сирија и претстојниот Самит на НАТО, а воедно беа разгледани и односите помеѓу Турција и Франција и Турција и Европската унија (ЕУ).

Средбите и разговорите се одржаа затворени за медиумите и траеја приближно 2,5 часа. 

 



Слични вести