Во воздушна операција на северот на Ирак се неутрализирани тројца терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во рамките на операцијата „Шепа-Гром“ во областа Авашин во северниот дел на Ирак се неутрализирани тројца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1652604
Во воздушна операција на северот на Ирак се неутрализирани тројца терористи

Во рамките на реализираната операција „Шепа-Гром“ („Pençe-Yıldırım“) којашто се реализира во областа Авашин во северниот дела на Ирак, се неутрализирани тројца терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во споделената обја на профилот на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер се истакнува следното: „Ефикасно и одлучно продолжуваат нашите операции против терористичката организација ПКК. Со воздушна операција се неутрализирани тројца терористи на ПКК кои се утврдени во рамките на операцијата 'Шепа-Гром' којашто се реализира во областа Авашин во северниот дел на Ирак.“

Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи соопшти дека еден терорист им се предаде на безбедносните сили.

На тој начин бројот на терористите кои се предадоа по пат на убедување во 2021 година досега достигна до 79.

Како што е установено предадениот терорист и се приклучил на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во 2015 година.

Од друга страна, во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува следното: „Продолжува нашата борба против илегалните премини на нашите граници. Од страна на нашите погранични единици се фатени 9 лица кои се обидувале да се префрлат во нашат земја од Сирија и од Ирак. Како што е установено едниот од фатените лица е терорист на ПКК/ЈПГ.“

 



Слични вести