Претседателот Ердоган: Неутрализиран терорист т.н. висок раководител за Махмур во северниот дел на Ирак

Претседателот Ердоган на својот профил на Твитер напиша: „Вчера од страна на Националната разузнавачка служба (МИТ) е неутрализиран терористот Селман Бозкир познат под кодното име 'Доктор Хисејин' “

1652687
Претседателот Ердоган: Неутрализиран терорист т.н. висок раководител за Махмур во северниот дел на Ирак

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган соопшти дека е неутрализиран терористот Селман Бозкир, т.н. висок раководител на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, одговорен за Махмур (во северниот дел на Ирак). 

Претседателот Ердоган во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша дека вчера од страна на Националната разузнавачка служба (МИТ) е неутрализиран терористот Селман Бозкир познат под кодното име „Доктор Хисејин“. 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во соопштението го напиша следното: „Им благодарам во име на мојот народ на сите мои другари кои имаат заслуга во оваа успешна операција. Нема да дозволиме предавничката и сепаратистичка организација да го користи Махмур како 'центар за инкубација' на тероризмот, ќе продолжиме да го пресушуваме тероризмот во неговиот извор.“



Слични вести