Министерот Хулуси Акар: Од 24 јули 2015 година досега се неутрализирани 18.140 терористи

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар информира дека во борбата против терористите од 24 јули 2015 година досега се неутрализирани вкупно 18.140 терористи, а од почетокот на годината досега се неутрализирани вкупно 1.212 терористи

1652543
Министерот Хулуси Акар: Од 24 јули 2015 година досега се неутрализирани 18.140 терористи

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека по 24 јули 2015 година е влезено во сите места за кои терористите велеа дека „не може да се влезе таму“ и информира дека во тие рамки досега се неутрализирани 18.140 терористи.

По денот на елитните набљудувачи кој беше следен од страна на министерот Акар и командниот врв на Турските вооружени сили (ТВС), заврши воената вежба „Морски волк 2021“.

По воената вежба, министерот за национална одбрана Хулуси Акар ги посети Командата на групата за задачи на југ и Турската команда на силите за поморски задачи за висок степен на подготвеност. 

Министерот Акар во говорот што го одржа овде истакна дека Турските вооружени сили (ТВС) ги продолжуваат своите активности за најдобро исполнување на сите свои задачи коишто им се даваат на копно, море и во воздух.

Хулуси Акар рече дека турските Поморски сили со реализација на 200 илјади часа пловидба го соборија рекордот на сите времиња.

Осврнувајќи се и на операциите во рамките на борбата против терористите којашто продолжува внатре во границите на земјата и надвор преку границата, Акар рече: „Од 24 јули 2015 година е влезено во сите места за кои терористите велеа дека 'не може да се влезе'. Сите тие места се исчистени. Од наведениот датум досега се неутрализирани 18.140 терористи. Од почетокот на годината досега пак, се неутрализирани 1.212 терористи.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар, исто така информира дека продолжуваат успешно според планираното и операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ коишто започнаа на 23 април во северниот дел на Ирак. 

Акар додаде дека досега во северните делови на Сирија и Ирак се неутрализирани вкупно 352 терористи.

 



Слични вести