Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 96 лица, регистрирани се 5.386 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 96 лица, направени се 204.827 тестирања од кои се регистрирани 482 новозаболени, дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 5.386 лица

1652717
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 96 лица, регистрирани се 5.386 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 96 лица.

Бројот на смртните случаи од почетокот на епидемијата достигна вкупно 48.164. 

Во изминатите 24 часа се направени 204.827 тестирања од кои се дијагностицирани 482 новозаболени. 

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 5.386 лица.

Заврши лекувањето на уште 6.003 лица со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 5 милиони 160 илјади 774 лица.

Во меѓувреме, според постојано ажурираните податоци на интернет адресата на Министерството за здравство covid19asi.saglik.gov.tr заклучно со денеска 06 јуни 2021 година, недела, во 20:40 часот (по турско време) бројот на администрираните вакцини против Ковид-19 во Турција изнесува вкупно 30 милиони 705 илјади 407 дози од кои 17 милиони 601 илјада 235 лица се вакцинирани со првата доза, а 13 милиони 104 илјади 172 лица по првата доза ја примија и втората доза вакцина.

Според тоа бројот на администрираните вакцини во последната една недела се зголеми за 1 милион 868 илјади 938.



Слични вести