Во близина на Ајваџик кај Чанаккале се спасени 17 мигранти

Во близина на населеното Ајваџик кај градот Чанаккале се спасени 17 мигранти за кои е установено дека од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад ко турските територијални води

1652082
Во близина на Ајваџик кај Чанаккале се спасени 17 мигранти

Во близина на населеното место Ајваџик кај градот Чанаккале се спасени 17 нерегуларни мигранти кои од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад ко турските територијални води.

Според објавеното соопштение на интернет страницата на Командата за крајбрежна безбедност, по добиени информации дека во близина на крајбрежјето во месноста Бадемли кај Ајваџик се наоѓаат група нерегуларни мигранти качени на гумен чамец на утврденото место е испратен чамец на крајбрежната стража.

Притоа од морето беа извлечени 17 лица качени на гумен чамец кои од страна на грчкте елементи биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води. 

Спасените нерегуларни мигранти по законските постапки им беа предадени на надлежните на Центарот за странци за враќање назад во населеното место Ајваџик.



Слични вести