Претседателот Ердоган го прими во Истанбул премиерот на Северна Македонија Зоран Заев

Претседателот Ердоган и премиерот на Северна Македонија со заедничка порака на средбата во Истанбул: Вложуваме заеднички во поинтензивна соработка за да отвориме повеќе врати за турските инвеститори и за посилни трговски врски меѓу двете земји

1652381
Претседателот Ердоган го прими во Истанбул премиерот на Северна Македонија Зоран Заев
Cumhurbaşkanı Erdoğan Kuzey Makedonya Başbakanı Zoran Zaev.jpeg
Cumhurbaşkanı Erdoğan Kuzey Makedonya Başbakanı Zoran Zaev İstanbul.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğan Kuzey Makedonya Başbakanı Zoran Zaev Kabul İstanbul.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го прими во Истанбул премиерот на Северна Македонија Зоран Заев кој денеска (05 јуни 2021 година, сабота) допатува во еднодневна работна посета на Турција.

Приемот се одржа во дворецот Вахдеттин во квартот Ченгелќој во Истанбул и беше затворен за медиумите.

Претседателот Ердоган приреди работна вечера во чест на својот гостин премиерот на Северна Македонија Зоран Заев.

На работната вечера во Истанбул присуствуваа и миинистерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за здравство Фахретин Коџа, шефот на Одделот за комуникации на претседателството Фахретин Алтун, портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин, портпаролот на Партијата за правда и развој (АК Партијата) Омер Челик и потпретседателот на АК Партијата Ефкан Ала, а од македонска страна присуствуваше  и министерот за здравство Венко Филипче.

Во оваа пригода, претседателот Ердоган и македонскиот премиер Заев разговараа за взаемните пријателски односи исполнети со динамична соработка во повеќе области.

Премиерот Заев за време на средбата ја потенцираше исклучително добрата економска соработка меѓу двете земји и нагласениот интерес на турските компании да инвестираат во Северна Македонија и да ги продлабочуваат деловните и трговски врски.

Економската и трговската соработка се витални, рече за време на работната вечера премиерот Заев и додаде дека во таа насока се очекува поинтензивна динамика со новиот договор за слободна трговија кој е во подготовка, кој има за цел да отвори повеќе врати за турските инвеститори.

Премиерот Заев и претседателот Ердоган споделија дека Северна Македонија и Турција, како сојузници во НАТО, се поврзани и со исти вредности по однос на мирот и стабилноста во регионот, преку добрососедски односи и регионална соработка, како и во борбата против тероризмот согласно со домашното право на двете земји, како и со меѓународното право.

Претседателот Ердоган во делот на своето добредојде до гостите истакна дека во срцата на граѓаните на Турција, Северна Македонија има посебно место како земји кои имаат одлични односи и длабоки историски врски.

Ердоган потенцираше дека и покрај пандемијата двете земји имаа одлична трговска размена во 2020 година и дека тој ќе продолжи да ги мотивира турските компании уште повеќе да инвестираат во Северна Македонија.

На средбата во Истанбул беше истакнато дека Турција ќе продолжи да ја помага Северна Македонија во борбата против пандемијата, со желба да се продлабочи соработката и во областа на здравството.

Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев изрази надеж дека претседателот Ердоган наскоро ќе ја посети Северна Македонија, како континуитет на заемните посети на највисоко политичко ниво и како видлив придонес за унапредување на односите.

 



Слични вести