Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 94 лица, регистрирани се 6.169 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 94 лица, направени се 224.681 тестирање од кои се регистрирани 552 новозаболени, дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 6.169 лица

1651991
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 94 лица, регистрирани се 6.169 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 94 лица.

Бројот на смртните случаи од почетокот на епидемијата достигна вкупно 47.976. 

Во изминатите 24 часа се направени 224.681 тестирање од кои се дијагностицирани 552 новозаболени. 

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 6.169 лица.

Заврши лекувањето на уште 7.617 лица со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 5 милиони 147 илјади 610 лица.

Во меѓувреме, според постојано ажурираните податоци на интернет адресата на Министерството за здравство covid19asi.saglik.gov.tr заклучно со вчера 04 јуни 2021 година, петок, во 20:30 часот (по турско време) бројот на администираните вакцини против Ковид-19 во Турција изнесува вкупно 30 милиони 152 илјади 995 дози од кои 17 милиони 254 илјади 036 лица се вакцинирани со првата доза, а 12 милиони 898 илјади 959 лица по првата доза ја примија и втората доза вакцина.

 



Слични вести