Советот за национална безбедност најостро ја осуди израелската незаконска окупација на Палестина

Во рамките на прекуграничните операции извршени со цел елиминирање на тероризмот од неговиот извор, се почитуваат правата на суверенитет и територијалниот интегритет на соседните земји

1650701
Советот за национална безбедност најостро ја осуди израелската незаконска окупација на Палестина

Советот за национална безбедност (СНБ) на Турција остро ја осуди незаконската израелска окупација на Палестина и нејзините нехумани чија цел беше цивилното население.

Синоќа под под претседателство на претседателот Реџеп Тајип Ердоган се одржа состанок на СНБ.

Во соопштението објавено по 5 часовниот состанок беше истакнато дека непрекинато ќе продолжат операциите за неутрализирање на терористичките организации долж јужните граници и обезбедување на безбедноста на границите.

Во соопштението, во кое најостро беше осудено незаконската израелска окупација на палестинските територии и нечовечните акции чија цел се цивилното население, беше истакнато дека меѓународната заедница мора да ја исполни својата одговорност без одлагање и искрено, со цел да се спречи повторување на воените злосторства Израел, а исто така беше упатен повик за изнаоѓање праведно, трајно и сеопфатно решение за палестинското прашање.

Во соопштението беше наведено дека во рамките на прекуграничните операции извршени со цел елиминирање на тероризмот од неговиот извор, се почитуваат правата на суверенитет и територијалниот интегритет на соседните земји, а исто така се извршени со цел да се воспостави безбедноста и мирот на Турција како и нејзините соседи.

Турција ќе го задржи својот став за користење на правото на самоодбрана што произлегува од меѓународните права, беше истакнато во соопштението.

„Исто така подвлекуваме дека треба да се избегнат провокациите, незаконските активности и агресивните реторики што ги занемаруваат правата и интересите на Турција, со цел да се одржат мирот и безбедноста во регионот преку меѓусебен дијалог во рамките на добрососедските односи, меѓународното право во Егејот и Медитеранот и да се постигне напредок кон решавање на прашањата“ беше подвлечено во соопштението.



Слични вести