Постојаната претставничка на САД во ОН Гринфилд во посета на Хатај

Постојаната претставничка на САД во ОН Гринфилд истакна дека турско-сирискиот граничен премин Џилвеѓозу кај градот Хатај е најдобриот избор за меѓународната јавност за доставување хуманитарна помош на Сирија

1651250
Постојаната претставничка на САД во ОН Гринфилд во посета на Хатај

Постојаната претставничка на Соединетите Американски Држави (САД) во Обединетите нации (ОН) амбасадорката Линда Томас Гринфилд која допатува во посета на Турција го посети дистрибутивниот центар на Светската програма за храна на Обединетите нации (ВФП или WFP).

Овде Гринфилд се состана со Марк Кутс, заменик кооординаторот за регионална хуманитарна помош за сириската криза при Обединетите нации (ОН) и со вработените во институциите за хуманитарна помош од чија страна беше информирана во врска со овдешните активности.

Постојаната претставничка на САД во ОН Гринфилд истакна дека турско-сирискиот граничен премин Џилвеѓозу кај градот Хатај е најдобриот избор за меѓународната јавност за доставување хуманитарна помош на Сирија.

Заменик кооординаторот за регионална хуманитарна помош за сириската криза при Обединетите нации (ОН) Марк Кутс истакна дека целокупната хуманитарна помош со турски шлепери доаша во дистрибутивниот центар и оттука се претоварува на сириски шлепери.

Тој рече: „Се контролираат сите фази. Знаеме кој производ каде оди. Им придаваме значење на полагањето сметка и на транспарентноста. Во период кога се применуваат ограничувања поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) турските власти не ја сопреа хуманитарната помош ниту еден ден.“

Постојаната претставничка на Соединетите Американски Држави (САД) во Обединетите нации (ОН) амбасадорката Линда Томас Гринфилд, привлече внимание на значењето на напорите коишто се водат од страна на оние кои учествуваат во активностите за хуманитарна помош и ја изнесе следната констатација: „Меѓутоа, доколку ние не ја извршуваме нашата задача во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) по прашањето на отворањето на границите и тие не можат да ја извршуваат нивната задача овде. Во моментов овој граничен премин (Џилвеѓозу) е најдобриот извор на меѓународната јавност. Доколку биде зтаворен и овој граничен премин ќе стане причина за голем зулум.“

Гринфилд и се заблагодари на турската Влада за згрижувањето на сириските бегалци.

 



Слични вести