Бројот на оздравените од Ковид-19 во Турција се зголеми на 5.131.453 лица

Во последните 24 часа беа остварени 224.150 тестови

1650709
Бројот на оздравените од Ковид-19 во Турција се зголеми на 5.131.453 лица

 

 

Во борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа во Турција се регистрирани 112 смртни случаи.

Вкупниот број на смртните случаи од почетокот на епидемијата се зголеми на 47.768.

Во последните 24 часа беа остварени 224.150 тестови, а беа регистрирани 586 ново заболени. Дневниот број на дијагностицирани е 7.181.

Бројот на пациентите чија хоспитализација заврши и кои беа отпуштени од болница изнесува 7.372 лица, додека вкупниот број на оздравените пациенти се зголеми на 5.131.453.

Во меѓувреме, министерот за здравство Фахретин Коџа, по состанокот на Научниот совет во врска со борбата против коронавирусот одржа прес конференција на која рече:

„Ова ќе биде последното лето кое маските ќе ни го испотат лицето“.

Изјавувајќи дека не треба да заборавиме дека вирусот сè уште циркулира меѓу нас, Коџа рече дека од сега индивидуалните мерки ќе бидат многу поважни и дека ќе започнеме да се нормализираме со преземање на сопствени мерки на претпазливост.

Нагласувајќи дека истражувањата за домашна вакцина продолжуваат со полна брзина, Коџа изјави дека кандидатот за вакцина, чиишто испитувања ќе започнат со фаза-3 врз луѓето, почна да се произведува како производ за проучување и дека се извршени последните тестови, по успешното поминување на тестовите, веднаш ќе започне клиничката употреба.



Слични вести