Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 114 лица, регистрирани се 6.602 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 114 лица, направени се 222.847 тестирања од кои се регистрирани 563 новозаболени, дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 6.602 лица

1651305
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 114 лица, регистрирани се 6.602 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 114 лица.

Бројот на смртните случаи од почетокот на епидемијата достигна вкупно 47.882. 

Во изминатите 24 часа се направени 222.847 тестирања од кои се дијагностицирани 563 новозаболени. 

Дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 6.602 лица.

Заврши лекувањето на уште 8.540 лица со што вкупниот број на оздравени од Ковид-19 во Турција се зголеми на 5 милиони 139 илјади 993 лица.

Во меѓувреме, според постојано ажурираните податоци на интернет адресата на Министерството за здравство covid19asi.saglik.gov.tr , заклучно со вчера 03 јуни 2021 година, четврток, во 20:00 часот (по турско време) бројот на администираните вакцини против Ковид-19 во Турција изнесува вкупно 29 милиони 793 илјади 472 дози од кои 17 милиони 013 илјади 863 лица се вакцинирани со првата доза, а 12 милиони 779 илјади 609 лица по првата доза ја примија и втората доза вакцина.



Слични вести