Во вооружена престрелка со терористите кај Битлис загина еден безбедносен чувар

Губернијата на Битлис соопшти дека во операцијата којашто се реализира против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во подрачјето на градот, стана шехид (загина) еден безбедносен чувар, а 5 мина војници се ранети

1649970
Во вооружена престрелка со терористите кај Битлис загина еден безбедносен чувар

Во операцијата којашто се реализира против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во подрачјето на градот Битлис стана шехид (загина) еден безбедносен чувар, а 5 мина војници се ранети.

Во објавеното соопштение од Губернијата на Битлис се истакнува дека за време на операцијата којашто се реализира од страна на екипите на градската команда на жандармеријата против терористите во руралното подрачје на селото Анадере кај градот Битлис дојде до вооружена престрелка помеѓу безбедносните сили и група терористи.

Во соопштението се вели следното: „Во вооружена престрелка стана шехид (загина) еден јуначки безбедносен чувар на задача под команда на градската команда на жандармеријата, а 5 мина наши војници на жандармеријата се ранети. Ранетите се префрлени на лекување во Државната болница во Татван. Се реализира операција поддржана од воздух за неутрализирање на припадниците на сепаратистичко-терористичката организација кои избегаа од местото на вооружената престрелка.“

Во истото соопштение се додава дека безбедносните сили за воспоставување на спокојството и безбедноста, со поддршка и на локалниот народ ја продолжуваат со одлучност борбата против тероризмот со засилување на операциите во целиот округ на градот. 

 



Слични вести