Реакција од Турција на активностите на Израел за изградба нови станови на Западниот Брег

Министерството за надворешни работи соопшти дека продолжувањето на ваквите видови провокации во период  кога доживеаните страдања и болки во Газа се сè уште свежи, покажува дека израелските власти не извлекле никаква лекција од доживеаните настани

1649999
Реакција од Турција на активностите на Израел за изградба нови станови на Западниот Брег

Турција покажа реакција на активностите на Израел за изградба на незаконски населби.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи по прашањето се истакнува дека како што е дознаено од страна на израелските власти е одржана церемонија за поставување на камен темелникот на проектот за изградба на 350 станови во незаконската населба Бејт Ел во близина на градот Рамалах на окупираниот Западен Брег.

Во соопштението се вели дека продолжувањето на ваквите видови провокации во период  кога доживеаните страдања и болки во Газа се сè уште свежи, покажува дека израелските власти не извлекле никаква лекција од доживеаните настани.

„Ние ги отфрлуваме овие незаконски применувања на Израел. Уште еднаш го нагласуваме значењето Израел да се смета за одговорен поради неговите политики и применувања коишто претставуваат прекршување на меѓународното право.“ - стои во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Инаку, Израел вчера реализира церемонија на поставување на камен темелникот на проектот за изградба на 350 станови во незаконската населба Бејт Ел во близина на градот Рамалах на окупираниот Западен Брег.



Слични вести