Претседателот Ердоган: Народите на Турција и Египет располагаат со цврсти врски и единство во судбината

Претседателот Ердоган по прашањето на контактите коишто започнаа со властите во Каиро во последно време истакна дека народите на Турција и Египет располагаат со цврсти врски и единство во судбината коишто произлегуваат од историјата

1649935
Претседателот Ердоган: Народите на Турција и Египет располагаат со цврсти врски и единство во судбината

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа беше гостин во специјалната програма на Турската радио и телевизија (ТРТ) кадешто направи проценка на актуелните внатрешни и надворешни случувања.

Претседателот Ердоган по прашањето на контактите коишто започнаа со властите во Каиро во последно време истакна дека народите на Турција и Египет располагаат со цврсти врски и единство во судбината коишто произлегуваат од историјата.

Тој рече: „Нашите меѓудржавни односи напредуваат на оваа основа. Започнатите разговори продолжуваат со нивно проширување.“

Велејќи дека со Египет постојат сериозни можности за соработка на еден широк простор од Либија до Источниот Медитеран, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го рече следното: „Треба да ја развиеме соработката во трговската сфера. Треба да ги унапредиме нашите односи согласно принципот вин-вин (добивај-добивај). На ист начин ги продолжуваме овие наши активности. /... / Јас добро го познавам египетскиот народ. Културната страна на нашите врски е многу многу значајна.“



Слични вести