На границата со Иран кај Јуксекова-Хаќќари се неутрализирани тројца терористи

Во близина на Јуксекова кај Хаќќари од иранска територија беше отворен оган врз Тимот за утврдување и уништување на мини и рачни експлозивни направи МЕТИ и во отворениот оган како одговор на нападот се неутрализирани тројца терористи

1650233
На границата со Иран кај Јуксекова-Хаќќари се неутрализирани тројца терористи

На истрелана ракета од иранска територија врз Тимот за утврдување и уништување на мини и рачни експлозивни направи МЕТИ (METİ) кој реализираше активности за контрола на теренот во близина на населеното место Јуксекова кај градот Хаќќари, беше одговорено со отворен оган од страна на Турските вооружени сили (ТВС).

Притоа беа неутрализирани тројца терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана преку социјалната мрежа Твитер се истакнува следното: „Од иранска територија е истрелана ракета врз тимот МЕТИ кој вршеше контрола на патиштата за воспоставување на безбедноста на компаниите кои работат за изградба на модуларниот бетонски ѕид во Јуксекова-Хаќќари. Во дадениот одговор се неутрализирани тројца терористи на ПКК. Нема било какви загуби кај нашите единици.“

 



Слични вести