Хулуси Акар на министерскиот состанок на НАТО ги нагласи придонесите на Турција во Сојузот

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, состанокот на министрите за одбрана на НАТО се одржа преку видео-конференција со учество на министрите за одбрана на 30 земји членки на Сојузот

1650262
Хулуси Акар на министерскиот состанок на НАТО ги нагласи придонесите на Турција во Сојузот

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар на состанокот на министрите за одбрана на НАТО кој се одржа преку видео-конференција ги нагласи придонесите на Турција во НАТО и истакна дека ја продолжува својата борба против терористичките организации во јужниот дел на Европа и НАТО, на чело со ДЕАШ и ПКК/ЈПГ.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, состанокот на министрите за одбрана на НАТО се одржа преку видео-конференција со учество на министрите за одбрана на 30 земји членки на Сојузот.

На состанокот што се одржа во рамките на подготовките за Самитот на шефови на држави и премиери на влади на НАТО на 14 јуни, беа разгледани процесот на НАТО за 2030 година и случувањата во Авганистан.

Во објавеното соопштение по ова прашање се истакнува следното: „На состанокот од страна на министерот за национална одбрана Хулуси Акар се нагласени придонесите на Турција, истакнато е дека се продолжува со борбата против тероризмот во јужниот дел на НАТО и Европа на чело со ДЕАШ и ПКК/ЈПГ, дека во случај на појава на одредена криза во текот на оваа година одговорноста со  Здружените единици со многу висока подготвеност (VJTF) на НАТО е кај Турција, дека Турција како и секогаш успешно ја исполнува својата одговорност што и се паѓа и во воената вежба на НАТО „Steadfast defender 2021“ („Стабилен Бранител 2021“), привлечено е внимание дека како додаток на нејзините постојани придонеси со нејзините кибер можности и способности заедно со нејзините копнени, поморски и воздушни елементи, Турција дополнително придонесува и кон воздухопловното патролирање на НАТО и летовите за регионална безбедносност.“

Во соопштението се додава дека министерот за национална одбрана Хулуси Акар, во однос на случувањата во Авганистан предупреди дека треба да продолжи поддршката од НАТО и индивидуалната поддршка од неговите сојузници и дека во спротивно ќе бидат изгубени стекнатите придобивки во Авганистан, а воедно нагласи дека Турција ќе ги исполни одговорностите коишто и се паѓаат за успешно спроведување на мировниот процес во Авганистан.

 



Слични вести