Чавушоглу: Доколку Израел сака да воспостави здрави односи со Турција треба да се откаже од неговите политики

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека доколку Израел сака да воспостави здрави односи со Турција треба да се откаже од своите погрешни политики

1650306
Чавушоглу: Доколку Израел сака да воспостави здрави односи со Турција треба да се откаже од неговите политики

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на одржаната заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи на Того Роберт Даси кој допатува во посета на Анкара, на поставеното прашање на еден новинар во врска со активностите за формирање на нова Влада во Израел и очекувањата од новата Влада, одговори дека формирањето на Влада е внатрешно прашање на оваа земја, но истакна дека доколку Израел сака да воспостави здрави односи со Турција треба да се откаже од неговите погрешни политики.

Привлекувајќи внимание дека не е значајно кој ќе ја формира владата во Израел туку е значајно какви политики ќе следи формираната влада, Чавушоглу рече: „Независно од тоа која влада ќе се формира Израел за да би воспоставил здрави односи со нас првенствено треба да се откаже од погрешните политики. (Израел) Треба да ги сопре нападите врз Палестина. Освен тоа треба да се откаже од чекорите коишто ќе доведат до ерозија на решението со две држави. Треба повторно да се врати на мировниот процес.“

Мевлут Чавушоглу нагласи дека од друга страна Израел особено во последно време ги проширува незаконските населби и продолжува да ги одзема присилно палестинските територии.

„Вчера и денеска повторно фрлија чекор по прашањето на незаконските населби. Како Министерство за надворешни работи објавивме соопштение по ова прашање. Израел треба да се откаже од овие политики. Освен тоа треба да се откаже и од чекорите коишто ќе го корозираат статусот на Ерусалим (Кудс).“ - рече Тој.

Укажувајќи дека за воспоставување на здрави односи со Израел оваа земја треба да се откаже од овие нејзини политики, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го додаде следното: „Доколку (Израел) ги продолжи овие политики ние не е можно да воспоставиме здрава врска, меѓутоа доколку Израел се врати на решението со две држави чии параметри пак се познати, се врати на мировниот процес и покажува почит кон правата на Палестинците, тогаш неговите односи можат да бидат здрави со секого, не само со нас.“

 



Слични вести