Заедничка декларација од Германија и Франција во врска со односите со Турција

Во објавената заедничка декларација на Германија и Франција се нагласува дека се поттикнуваат сите релевантни актери во Источниот Медитеран во правец на нивното придонесување во одржливото решение на основните проблеми во овој регион

1649253
Заедничка декларација од Германија и Франција во врска со односите со Турција

Германија и Франција ги потврдија „своите стратешки интереси во однос на односите со Турција коишто се потпираат на соработка со взаемна корист“.

По одржаниот заеднички состанок на Советот на министри на Германија и Франција преку интернет, во виртуелна средина, е објавена декларација составена од 62 точки кои што содржат прашања посветени на епидемијата на новиот тип коронавиурс (Ковид-19), борбата против климатските промени, економската политика, дигиталната трансформација и други меѓународни прашања. 

Во оваа декларација во делот под наслов „соработка во меѓународни прашања“ и се одделува место и на Турција кадешто се вели следното: „Под услов да продолжи намалувањето на тензијата во Источниот Медитеран и да се обезбеди конструктивен придонес во решавањето на регионалните кризи, повторно го потврдуваме нашиот стратешки интерес во однос на односите коишто се потпираат на соработка со взаемна корист со Турција и сме спремни за проширување на нашата соработка во взаемна конструктивна атмосфера.“

Во објавената заедничка декларација на Германија и Франција се нагласува дека се поттикнуваат сите релевантни актери во Источниот Медитеран во правец на нивното придонесување во одржливото решение на основните проблеми во овој регион.

 



Слични вести