Шентоп: Турција во борбата против Ковид-19 им испрати помош на 158 земји и 11 меѓународни организации

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп информира дека Турција во рамките на борбата против епидемијата на Ковид-19 досега им испрати медицинска помош и поддршка на 158 земји и 11 меѓународни организации

1649663
Шентоп: Турција во борбата против Ковид-19 им испрати помош на 158 земји и 11 меѓународни организации

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп говореше на втората општа конференција под наслов „Поддржување на парламентарното партнерство за регионална интеграција“ на Парламентраната асамблеја на Организацијата за економска соработка во главниот град на Пакистан, Исламабад.

Шентоп истакна дека Турција во рамките на борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) досега им испрати медицинска помош и поддршка на 158 земји и 11 меѓународни организации.    

Привлекувајќи внимание дека меѓународната соработка и солидарност се дојдени во поголемо витално значење во борбата против епидемијата на Ковид-19 од било кога досега, Мустафа Шентоп рече: „И покрај тоа што е јасно дека епидемијата може да се елиминира само со брза и ефикасна вакцинација и со приод во глобални рамки, глобалната неправда за жал се покажува себе си и во точката на пристапот до вакцина.“

Шентоп укажа дека од животно значење во заедничката борба против епидемијата се вакцините коишто се развиваат по брза постапка да бидат произведени во доволна количина и да му бидат ставени во услуга на целото човештво, со праведен пристап.

Тој рече: „Поаѓајќи од принципот 'она што го споделуваш е твое, а не она коешто си го собрал-акумулирал', би сакал да кажам дека досега им доставивме медицинска помош и поддршка на 158 земји и 11 меѓународни организации.“ 

Мустафа Шентоп во својот говор алудирајќи и на нападите на Израел во Палестина, истакна дека Турција со одлучност ги поддржува напорите во правец на визијата на решение со две држави и на основа на границите од 1967 година, со формирање на независна и суверена држава Палестина со главен град Источен Ерусалим (Кудс), кој ќе располага со географска целина.

Тој рече дека тоа е мошне значајно од аспект на воспоставувањето на регионалниот мир.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп се осврна и на прашањето за Кашмир, во врска со што го рече следното: „Проблемот во Кашмир којшто продолжува приближно 74 години и му се зкаанува на регионалниот мир треба да се реши по пат на дијалот, почитувањето на човековите права и мешинародното право, на основа на резолуциите на Обединетите нации (ОН) и земајќи ги во предвид очекувањето на нашите браќа во Кашмир.“

 



Слични вести