Претседателот Ердоган: Турција е најголемиот трговски партнер на Грузија во последните 14 години

Претседателот Ердоган на одржаната заедничка прес-конференција со грузискиот премиер Иракли Гарибашвили истакна дека Турција е најголемиот трговски партнер на Грузија во последните 14 години

1649848
Претседателот Ердоган: Турција е најголемиот трговски партнер на Грузија во последните 14 години

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе во Анкара се состана со грузискиот премиер Иракли Гарибашвили кој на негова покана престојува во посета на Турција.

Ердоган и Гарибашвили по остварената средба лице в лице и меѓуделегациските разговори, одржаа заедничка прес-конференција.

Овде претседателот Ердоган нагласи дека Турција е најголемиот трговски партнер на Грузија во последните 14 години и рече: „Работиме на царинските договори за забрзување на трговијата. Нашата цел во трговскиот обем веќе се 3 милијарди долари.“

„Почитуваниот премиер е лидер кој одблизу ја познава Турција. Оваа година ја одбележуваме 100-годишнината од отворањето на амбасадата на Грузија како нејзино прво дипломатско претставништво во Анкара, како и 30-годишнината од независноста на Грузија.“ - истакна Тој.

Претседателот Ердоган напомена дека со грузисикиот премиер Гарибашвили беше разгледано и прашањето со борбата против треоризмот на чело со Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) и појасни дека Турција во секоја прилика ја нагласува својата поддршка на сувереноста и територијалниот интегритет на Грузија.

Велејќи дека заедно со Грузија се фрла потпис на големи проекти, Ердоган рече: „Го формиравме коридорот Јужниот гасен коридор. Турција ја оцнеува Грузија за клучна земја во регионалната соработка.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го додаде и следното: „Турција е за секаква силна тројна соработка меѓу Азербејџан, Грузија и Ерменија или Турција, Азербејџан и Грузија.“

Грузискиот премиер Иракли Гарибашвили исто така во својот говор на одржаната заедничка прес-конференција со претседателот Ердоган рече: „Ви благодарам за вашата поддршка како Турција на сувереноста на Грузија на сите формати и нивоа, како и поради тоа што не се воздржувате од оваа ваша поддршка, а посебно поради тоа што го поддржувате членството на Грузија во НАТО.“ 

Привлекувајќи внимание дека Грузија, Турција и Азербејџан ја споделуваат истата судбина, Гарибашвили истакна дека она коешто заслужува секакво ценење пак е тоа што оваа судбина располага со силни врски, добра соработка и пријателство.

„Би сакал да го кажам тоа дека постојат добри темели за да би можеле со заеднички напори да ги развиеме билатералните, трилатералните и мултилатералните формати.“ - рече грузискиот премиер Иракли Гарибашвили.

 



Слични вести