Претседателот Ердоган го пречека грузискиот премиер Гарибашвили во Анкара со официјална церемонија

Претседателот Ердоган го пречека гуризискиот премиер Иракли Гарибашвили во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара со официјална церемонија

1649845
Претседателот Ердоган го пречека грузискиот премиер Гарибашвили во Анкара со официјална церемонија
Irakli Garibashvili-Erdogan.jpg
Irakli Garibashvili-Erdogan1.jpg

Грузискиот премиер Иракли Гарибашвили, на покана на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган престојува во официјална посета на Турција.

Претседателот Ердоган го пречека гуризискиот премиер Иракли Гарибашвили во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара со официјална церемонија.

Ердоган и Гарибашвили по церемонијата преминаа на средба лице в лице, потоа се одржаа меѓуделегациски разговори, а потоа одржаа заедничка прес-конференција.

На разговорите за време на оваа прва официјална посета на грузискиот премиер Гарибашвили на Турција којашто ја оствари на Турција по стапувањето на должност, беа преразгледани со сите нивни поединости односите помеѓу двете земји.

На средбите и разговоритебеа разгледани чекорите коишто ќе можат да бидат преземени за уште повеќе развивање на постоечките добрососедски односи и стратешкото партнерство. 

Исто така освен билатералните односи помеѓу Турција и Грузија, беат разменети и мислења во врска со актуелни регионални и меѓународни случувања.

 



Слични вести