Постојаната претставничка на САД во ОН Гринфилд од 2 до 4 јуни во посета на Турција

Според добиени информации од американски дипломати, постојаната претставничка на САД во Обединетите нации (ОН) амбасадорката Линда Томас Гринфилд за време на нејзината посета на Анкара ќе се состане со високи турски функционери

1649863
Постојаната претставничка на САД во ОН Гринфилд од 2 до 4 јуни во посета на Турција

Постојаната претставничка на Соединетите Американски Држави (САД) во Обединетите нации (ОН) амбасадорката Линда Томас Гринфилд од денеска (среда) 2 јуни до 4 јуни во петок ќе престојува во посета на Турција.

Според добиени информации од американски дипломати, Гринфилд за време на нејзината посета ќе се состане со високи турски функционери.

За време на посетата ќе бидат разгледани прашања како што се зајакнувањето на односите помеѓу САД и Турција, глобални теми и развивањето на соработката во Сирија, а воедно амбасадорката Гринфилд ќе ја посети и сириската граница кадешто ќе се состане со сириските бегалци.

Притоа, Гринфилд за време на оваа нејзина посета ќе привлече внимание за доставување на поголема меѓународна хуманитарна помош на сириските бегалци и ќе ја изнесе потребата од отворање на поголем број гранични премини на турско-сириската граница за продолжување на хуманитарната помош преку границата.

Постојаната претставничка на Соединетите Американски Држави (САД) во Обединетите нации (ОН) амбасадорката Линда Томас Гринфилд, по минатонеделната посета на заменик-државната секретарка Венди Шерман, е втора висока функционерка на САД која доаѓа во посета на Турција.



Слични вести