Посетата на Чавушоглу на Атина во грчкиот печат

Грчкиот печат во врска со остварената посета на министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу на Атина во основа напиша дека помина во срдечна атмосфера

1649687
Посетата на Чавушоглу на Атина во грчкиот печат

Грчкиот печат соопшти дека средбите и разговорите коишто министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу ги оствари вчера во главниот град на Грција, Атина, поминаа во „сдечна атмосфера“.

Грчката државна новинска агенција „АНА-МПА“ во веста под Дипломатски извори: Дендиас-Чавушоглу искрено ги разгледаа сите прашања“ информира дека средбата помеѓу министерот Чавушоглу и неговиот грчки колега Никос Дендиас „помина со срдечна атмосфера и беа разгледани сите прашања“.

Новинската агенција истакна дека Чавушоглу пред средбата со Дендиас се состана и со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, а воедно напиша дека  страните разменија мислења во срдечна атмосфера и ги изнесоа сопствените тези.

Весникот „Катимерини“ во веста под наслов „Прв чекор за мирни води“ напиша дека за време на посетата на Чавушоглу на Атина е фрлен првиот чекор за напорите за мирен период во Егејското Море и Источниот Медитеран по приближно 1,5 годишна постојана затегнатост.

Весникот „То Вима“ во објавената вест го напиша следното: „Грција-Турција: Дендиас и Чавушоглу одобрија 25 прашања во врска со економската соработка.“

Весникот „Прототема“ во веста којашто им ја објави на своите читатели под насловот „Средба Дендиас-Чавушоглу: Ова се 25 прашања на позитивната агенда“ нагласи дека на средбата помеѓу двајцата министри е одобрен списокот за економска соработка на којшто работеа и го подготвија турскиот заменик-министер за надворешни работи Седат Онал и Костас Франгојанис.

Во веста се подвлекува и тоа дека на списокот за којшто станува збор се наоѓаат и точки во врска со взаемното признавање на сертификатите за вакцина против новиот тип коронавирус (Квид-19) и еколошката соработка помеѓу двете земји.

Во веста коментар којашо зазеде место во весникот „Авги“ се истакнува следното: „Средбата Дендиас-Чавушоглу помина во пријателска атмосфера и на средбата е дефинирана средбата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган  на Самитот на НАТО.“

 



Слични вести