Мевлут Чавушоглу учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека ги поддржуваат напорите на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во контекст на одлуките на НАТО за 2030 година

1649771
Мевлут Чавушоглу учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО што се одржа преку видео-конференција.

На состанокот беа разгледани пред се подготовките за Лидерскиот самит на НАТО што ќе се одржи на 14 јуни 2021 година и одлуките на НАТО за 20230 година за кои се планира да бидат прифатени на самитот, како и случувањата поврзани со безбедноста на евро-атлантскиот регион и дневниот дел на НАТО.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на состанокот истакна дека ги поддржуваат напорите на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во контекст на одлуките на НАТО за 2030 година. 

Чавушоглу рече дека верува оти овие одлуки ќе ја изнесат валидноста и уште повеќе ќе ги зајакнат сојузничките и трансатлантските врски во стратешката средина на денешницата.

Мевлут Чавушоглу додаде дека ги поддржуваат и погледите на Столтенберг во врска со улогата на НАТО во однос на иднината на Авганистан.



Слични вести