Во близина на Чешме кај Измир се спасени 74 турнати мигранти кон турските територијални води

Екипите на Командата на турската крајбрежна стража во близина на населеното место Чешме кај градот Измир спасија 74  мигранти кои од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води

1649189
Во близина на Чешме кај Измир се спасени 74 турнати мигранти кон турските територијални води

Од водите на Егејското Море во близина на населеното место Чешме кај градот Измир се спасени 74  мигранти кои од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води.

По добиени информации за тоа дека во морето во близина на Чешме се наоѓаат група мигранти качени на гумен чамец на утврденото место беше испратен чамец на Командата на турската крајбрежна стража.

Притоа беа спасени 42 лица качени на гумен чамец за кои е установено дека од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени) назад кон турските територијални води.

Во меѓувреме, повторно во близина на Чешме од страна на екипите на Командата на турската крајбрежна стража беа спасени уште 32'јца мигранти качени на сплав кои исто така биле турнати (присилно вратени) назад од страна на грчките елементи.

Спасените мигранти беа извадени на копно и по законските постапки беа испратени во градската Дирекција на Управата за миграција во Измир.



Слични вести