Претседателот Ердоган го соопшти календарот за постепена нормализација за месец јуни

Претседателот Ердоган го соопшти календарот за „постепена нормализација“ што ќе се применува во месец јуни во борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1649154
Претседателот Ердоган го соопшти календарот за постепена нормализација за месец јуни
Cumhurbaşkanı Erdoğan Kabinesi Toplantısı.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по одржаниот состанок на претседателскиот кабинет го соопшти календарот за „постепена нормализација“ што ќе се применува во месец јуни во борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Според тоа, забраната за движење (забраната за излегување на улица) ќе продолжи да се применува само во недела, а во останатите 6 дена од неделата ќе се применува почнувајќи од 22:00 часот вечер до 05:00 часот наутро (по турско време).

Согласно ова применување ќе бидат уредени и активностите како што се работното време на рестораните, јадењето надвор, социјалниот живот, деловниот живот, културните, уметничките и спортските активности во земјата.

Велејќи дека во месец јуни имаат за цел да покренат и „мобилизација за вакцинација“ против новиот тип коронавирус (Ковид-19), претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Иншаллах (се надевам дека, со Аллахова помош-дозвола) ќе се стекнеме со нашата вакцина пред крајот годината.“

 

 

 



Слични вести