Грузискиот премиер Иракли Гарибашвили утре ќе допатува во посета на Турција

Грузискиот премиер Иракли Гарибашвили, на покана на претседателот Ердоган утре ќе допатува во официјална посета на Турција

1649128
Грузискиот премиер Иракли Гарибашвили утре ќе допатува во посета на Турција

Грузискиот премиер Иракли Гарибашвили, на покана на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, утре ќе допатува во официјална посета на Турција.

Според објавеното соопштение од одделот за комуникации на претседателството, на разговорите за време на оваа прва официјална посета на грузискиот премиер Гарибашвили на Турција којашто ќе ја оствари по стапувањето на должност, ќе бидат преразгледани со сите нивни поединости односите помеѓу двете земји.

На средбите и разговорите ќе бидат разгледани чекорите коишто ќе можат да бидат преземени за уште повеќе развивање на постоечките добрососедски односи и стратешкото партнерство. 

Исто така се предвидува освен билатералните односи помеѓу Турција и Грузија, да бидат разменети и мислења во врска со актуелни регионални и меѓународни случувања.

 



Слични вести