Чавушоглу по посетата на Западна Тракија замина за Атина

Чавушоглу, во Генералниот конзулат на Турција во Ѓумулџине (Комотини) ги прими Претседателот на Советодавниот одбор на турските малцинства во Западна Тракија и избраниот муфтија на Ѓумулџине, Ибрахим Шериф

1648596
Чавушоглу по посетата на Западна Тракија замина за Атина

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу по посетата на Западна Тракија замина во Атина, главниот град на Грција.

Чавушоглу, присуствуваше на вечерата што грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас, ја приреди во негова чест.

Чавушоглу, кој вчера замина во Грција како дел од дводневната посета на Западна Тракија и главниот град Атина, најпрвин со делегацијата во негова придружба престојуваа во посета на  Ѓумулџине (Комотини).

Чавушоглу, во Генералниот конзулат на Турција во Ѓумулџине (Комотини) ги прими Претседателот на Советодавниот одбор на турските малцинства во Западна Тракија и избраниот муфтија на Ѓумулџине, Ибрахим Шериф и избраниот муфтија на Искече  (Ксанти), Ахмет Мете и доби информации за состојбата на малцинството.

Чавушоглу по средбата со муфтиите, сподели објава на Твитер на која истакна:

„Активностите на нашите муфтии придонесува многу за зачувување и зајакнување на единството и солидарноста на турското малцинство“.

По средбите во Генералниот конзулат, Чавушоглу отиде во Средното училиште за малцинство Џелал Бајар во Ѓумулџине каде што беше пречекан од турските наставници и ученици на училиштето. Чавушоглу ја посети училишната зграда и изврши обиколка.

Чавушоглу на сонародниците, кои му се заблагодарија за неговата посета на Западна Тракија, им ги пренесе поздравите на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Министерот Чавушоглу потоа присуствуваше на ручекот која беше приреден во негова чест од сграна на Советодавниот одбор на турските малцинства во турското село Чепели во Ѓумулџине.

По посетата на Западна Тракија, министерот Чавушоглу замина за Атина.

Чавушоглу присуствуваше на вечерата организирана од грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас.



Слични вести