Чавушоглу: Новата управа на САД е во потрага по воспоставување на подобри односи со Турција

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави за новинарите во Атина дека се согледува оти новата управа на САД е во потрага по воспоставување на подобри односи, подобар дијалог и подобра врска со Турција

1649126
Чавушоглу: Новата управа на САД е во потрага по воспоставување на подобри односи со Турција

Пред средбата помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и американскиот претседател Џо Бајден на Лидерскиот самит на НАТО што ќе се одржи на 14 јуни во главниот град на Белгија, Брисел, се очекува да се оствари посета на министерско ниво на линијата Анкара-Вашингтон.

Така министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој престојуваше во посета на главниот град на Грција, Атина, овде одговараше и на прашањата на новинарите во врска со односите помеѓу Турција и Соединетите Американски Држави (САД).

Чавушоглу истакна дека се согледува оти новата управа на Соединетите Американски Држави (САД) е во потрага по воспоставување на подобри односи со Турција.

Мевлут Чавушоглу вчера во Атина во врска со односите помеѓу Турција и САД ја изнесе следната констатација: „Го согледуваме и тоа дека новата управа на САД е во потрага по воспоставување на подобри односи, подобар дијалог и подобра врска со Турција. Во тоа во општа смисла е вклучена и Сирија. Во нареднот период или јас ќе заминам за Вашингтон, или Блинкен (државниот секретар на САД) ќе дојде во Анкара. Датумот не е познат.“

Појаснувајќи ги и очекувањата на Турција од администрацијата на Бајден, Чавушоглу истакна дека изјавата на Бајден во врска со тврдењата за т.н. геноцид над Ерменците влијаеше негативно на односите и го рече следното: „Меѓутоа, постои потрага по добри односи.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се осврна и на затегнатоста со Соединетите Американски Држави (САД) по прашањето на противвоздушно одбранбениот систем С-400 којшто Турција го купи од Русија, во врска со што го рече следното: „Системите С-400 100 посто ќе бидат под наша контрола. Испративме за обука голем број техничари, руски воени експерти нема да се наоѓаат во Турција. Во тој случај не е можно да се прифати предлогот на друга земја да не ги употребуваме.“

 



Слични вести