Чавушоглу: За Атина ќе заминеме со позитивна агенда, истото го очекуваме и од спротивната страна

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека за главниот град на Грција, Атина ќе отпатува со позитивна агенда и дека истото се очекува и од спротивната страна

1648258
Чавушоглу: За Атина ќе заминеме со позитивна агенда, истото го очекуваме и од спротивната страна

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу даде изјави пред да ја започне денешната посета на Грција.

Чавушоглу истакна дека за главниот град на Грција, Атина ќе отпатува со позитивна агенда и ја даде следната порака: „Пречекавме позитивно. Истиот приод го очекуваме и од спротивната страна.“

Мевлут Чавушоглу информира дека за време на посетата исто така ќе се состане и со претставниците на муслиманското турско малцинство во Западна Тракија.

По посетата на Западна Тракија, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ќе отпатува за Атина кадешто ќе учествува на ручекот што ќе биде приреден во негова чест од страна на грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас.

Потоа, двајцата министри за надворешни работи, Чавушоглу и Дендиас, ќе одржат средба лице в лице на која ќе биде направена обемна проценка на турско-грчките односи.

Дневниот ред на разговорите ќе го сочинуваат случувањата во Источниот Медитеран и Егејското Море. Освен тоа на разговорите ќе биде направена проценка и на ставот на Грција во врска со мигрантите.

На овие средби и разговори исто така ќе биде разгледан и ставот на Грција кон турското малцинство во оваа земја. 

Четвртиот состанок за зголемување на мерките на доверба помеѓу делегациите на министерствата за одбрана на Турција и Грција се одржа на 26 и 27 мај преку видео-конференција. 

На состанокот беше постигната согласност за продолжување на средбите по прашањето на зголемување (градење) на мерките на доверба помеѓу двете страни.

Освен тоа, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на 15 април се состана со својот грчки колега, министерот за надворешни работи Никос Дендиас во Анкара.

 



Слични вести