Чавушоглу се состана со муфтиите на муслиманското турско малцинство во Западна Тракија-Грција

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во генералниот конзулат на Турција во Комотини (турски Ѓумулџине) ги прими муфтиите на муслиманското турско малцинство во Западна Тракија

1648395
Чавушоглу се состана со муфтиите на муслиманското турско малцинство во Западна Тракија-Грција

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој во рамките на својата дводневна посета на Западна Тракија и Атѕина денеска отпатува за Грција, заедно со делегацијата во негова придружба најпрвин оствари разговори во Комотини (турски Ѓумулџине) во Западна Тракија.

Чавушоглу се состана со муфтиите на муслиманското турско малцинство во Западна Тракија.

Мевлут Чавушоглу во генералниот конзулат на Турција во Комотини (турски Ѓумулџине) ги прими претседателот на Здружението за солидарност на Турците од Западна Тракија (BTTADK) и избраниот муфтија на Комотини (Ѓумулџине) Ибрахим Шериф и муфтијата на Ксанти (Искече) Ахмет Мете од чија страна беше информиран во врска со состојбата на муслиманското турско малцинство во Западна Тракија, Грција.

Чавушоглу во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер, по остварената средба со муфтиите, го напиша следното: „Активностите на нашите муфтии обезбедува голем придонес за одбраната и зајакнувањето на единството и заедништвото на турското малцинство.“

Министерот Чавушоглу по средбите и разговорите во генералниот конзулат ја посети малцинската гимназија Џелал Бајар во Комотини (турски Ѓумулџине) кадешто беше пречекан од страна на турските наставници и ученици на училиштето, ја прошета зградата на гимназијата и направи увид.

На сонародниците кои му се заблагодарија за остварената посета на Западна Тракија, Чавушоглу им ги достави поздравите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган. 

Потоа, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу учествуваше и на ручекот којшто од страна на Здружението за солидарност на Турците од Западна Тракија (BTTADK) беше приреден во негова чест во турското село Чепелли кај Комотини (турски Ѓумулџине).

 



Слични вести