Чавушоглу: Проблемите кои чекаат решение можат да ги решат само Турција и Грција, а не ЕУ

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во интервју за грчкиот весник „То Вима“ пред да ја започне посетата на Грција истакна дека проблемите кои чекаат решение можат да ги решат само Турција и Грција, а не Европската унија (ЕУ)

1648398
Чавушоглу: Проблемите кои чекаат решение можат да ги решат само Турција и Грција, а не ЕУ

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу даде интервју за грчкиот весник „То Вима“ кадешто што по повод неговата посета на Грција направи проценка на односите помеѓу двете земји.

Велејќи дека Грција треба да се откаже од искористување на Европската унија (ЕУ) како средство против Турција, Чавушоглу рече: „Проблемите кои чекаат решение можат да ги решат само Турција и Грција, а не Европската унија (ЕУ).“

Мевлут Чавушоглу истакна дека средбите и разговорите коишто ќе ги оствари во Грција ќе бидат во услуга на подготвување на основата на евентуалниот состанок што ќе се одржи на Самитот на НАТО во главниот град на Белгија, Брисел на 14 јуни, помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, а воедно привлече внимание на значењето на одржливиот конструктивен дијалог во билатералните односи.

Чавушоглу, подвлекувајќи дека се желни за развивање на позитивна агенда фокусирана на довербата и во односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ), се осврна и на ставот на Грција во контекст на Европската унија (ЕУ). 

Тој рече: „Грција треба да се откаже од искористување на Европската унија (ЕУ) како средство против Турција и да го присвои постоечкиот позитивен интензитет. Проблемите кои чекаат решение можат да ги решат само Турција и Грција, а не Европската унија (ЕУ).“

Подвлекувајќи го и тоа дека бродот за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ своите активности ги реализира во локации во границите на континенталниот гребен на Турција, Чавушоглу рече: „Одлучни сме да ги браниме, ѝ правата на Турција, ѝ правата на кипарските Турци, против едностраните и максималистичките тврдења на Грција и кипарските Грци.“

Чавушоглу објасни дека се спремни да разговараат со Грција за било кое дискутабилно прашање и го рече следното: „Меѓутоа, Грција треба да се откаже од 'картата од Севиља'. Оваа карта не ја одобруваат ниту Соединетите Американски Држави (САД), ниту Европската унија (ЕУ). Треба да го повторам тоа дека да се мисли оти Турција ќе остане ограничена само со егејските и средоземноморските крајбрежја е погрешна пресметка којашто се прави од страна на Грција.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се осврна и на кипарското прашање, во врска со што нагласи дека визијата на турската страна е на Кипар да се формира врска на соработка на основа на суверена еднаквост и еднаков меѓународен статус помеѓу две држави на островот.

 



Слични вести