Во подрачјето на операцијата Еуфратски штит на северот на Сирија се неутрализирани двајца терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во подрачјето на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија се неутрализирани двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ

1647949
Во подрачјето на операцијата Еуфратски штит на северот на Сирија се неутрализирани двајца терористи

Во подрачјето на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија се неутрализирани двајца терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Во објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана на социјалната мрежа Твитер се истакнува дека е установено оти терористите се подготвувале за напад врз подрачјето на операцијата Еуфратски штит.

Во соопштението се вели дека притоа со реализирана успешна операција од страна на турските командоси се неутрализирани двајца терористи на ПКК/ЈПГ, а воедно се додава дека ќе продолжат да се преземаат сите видови мерки за воспоставување на спокојството и безбедноста во подрачјето.



Слични вести