Претседателот Ердоган ја честита 568-та годишнина од освојувањето на Истанбул

Претседателот Ердоган во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Ја честитам 568-та годишнина од освојувањето на Истанбул, едната од најславните победи во нашата историја“

1648094
Претседателот Ердоган ја честита 568-та годишнина од освојувањето на Истанбул

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ја честита 568-та годишнина од освојувањето на Истанбул од страна на османлискиот султан Фатих Султан Мехмет (Мехмед втори освојувачот), на денешен ден на 29 мај 1453 година.

Претседателот Ердоган во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Ја честитам 568-та годишнина од освојувањето на Истанбул, едната од најславните победи во нашата историја. Со милост и почит се сеќавам на Фатих Султан Мехмет Хан и неговата славна војска кои го приклучија овој уникатен (единствен) град кон нашето цивилизациско наследство, кои беа почестени со пофалбата на нашиот честит Пејгамбер.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата објава го сподели и хадисот на муслиманскиот божји пратеник Хз. Мухамед „Истанбул сигурно ќе биде освоен. Колку ли е убав командантот од чија страна ќе биде освоен, колку ли е убава војската од чија страна ќе биде освоен“, како и фотографијата на Ајасофја-и Кебир Џами-и Шерифи (Големата Џамија Аја Софија)“.

 



Слични вести