Ердоган: На крајот на јуни ќе биде поставен камен темелникот на проектот Канал Истанбул

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа на свеченото отворање на Кулата Чамлиџа најави дека на крајот на месец јуни ќе биде поставен камен темелникот и ќе започне изградбата на проектот Канал Истанбул

1648062
Ердоган: На крајот на јуни ќе биде поставен камен темелникот на проектот Канал Истанбул
Cumhurbaşkanı Erdoğan Çamlıca Kulesi Açılışı.jpg
erdogan camlica kulesi.jpg

Кулата Чамлиџа во Истанбул која е највисоката градба на Европа, денеска е свечено отворена со учество и на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа на свеченото отворање на Кулата Чамлиџа најави дека на крајот на месец јуни ќе биде поставен камен темелникот и ќе започне изградбата на проектот Канал Истанбул.

Ердоган посака да биде аирлија за Турција и Истанбул Кулата Чамлиџа која ќе обезбедува услуга за телевизијата, радиото, медиумските организации и комуникациските оператори.

Велејќи дека успешно е ставен во примена овој проект којшто ќе слуќи за пример не само во Турција туку и во целиот свет, Ердоган истакна дека благодарение на оваа кула со која е преминато кон модел на воспоставување на единствен предавател во комуникациските активности и емитувањето, е ставено крај и на визуелното загадување на Чамлиџа и на Истанбул.

Тој информира дека планираат истиот модел да биде распространет низ земјата онаму кадешто се погодни условите за тоа и дека на тој начин ѝ ќе биде спречено загадувањето на животната средина ѝ ќе биде зголемен квалитетот на услуга.

Претседателот Ердоган појасни дека оваа кула е поставена на место со понорама над Истанбулскиот морски теснец Босфорот и располага со надморска височина од 587 метри со што располага и со титула на највисока градба во Истанбул, а воедно напомена дека 1 социјалните објекти во склопот на комплексот на Кулата Чамлиџа ќе обезбедат голем придонес за турскиот туризам.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, исто така истакна дека на крајот на месец јуни ќе биде поставен и камен темелникот на проектот Канал Истанбул, во врска со што рече: „Откако Канал Истанбул ќе му го придадеме на Истанбул, ќе се зголеми еднократно ѝ географската ѝ стратешката ѝ природната убавина на Истанбул.“

- Кулата Чамлиџа -

Изградбата на Кулата Чамлиџа која се простира на површина од околу 30.150 метри квадратни, започна во 2017 година.

Врвот на кулата е со надморска височина од 587 метри со што е највисока градба во Истанбул па дури и во Европа.

Височината на армираната бетонска конструкција изнесува 221 метар, а височината на челичната антена е 168 метри.

Од тлото, Кулата Чамлиџа со челичната антена достигнува височина од 369 метри, изградена е да издржи земјотрес со јачина од 9 степени, а воедно е отпорна и на силни ветрови.

Кулата Чамлиџа, чија длабочина изнесува 218 метри има вкупно 49 спрата, од кои четири спрата се наоѓаат под површината на земјата, а останатите 45 спрата над земјата.

Турција, благодарение на Кулата Чамлиџа во Истанбул постигна значаен успех во полето на телекомуникациското емитување, а како што се наведува за прв пат во светот истовремено ќе се емитуваат 100 ФМ радио емисии од еден комуникациски врв.

 

 



Слични вести