Во северниот дел на Сирија се неутрализирани 5, а во северниот дел на Ирак 11 терористи

Во подрачјето на операциите Еуфратски штит и Извор на мирот во северниот дел на Сирија се неутрализирани 5 терористи, додека во операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ во северниот дел на Ирак 11 терористи

1647119
Во северниот дел на Сирија се неутрализирани 5, а во северниот дел на Ирак 11 терористи

Во подрачјето на операциите Еуфратски штит и Извор на мирот во северниот дел на Сирија се неутрализирани 5 терористи.

Министерството за национална одбрана во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер соопшти дека во северниот дел на Сирија се неутрализирани 5 мина терористи од кои еден во подрачјето на операцијата Еуфратски штит кој отворил провоцирачки оган и четворица терористи кои се обиделе да се префрлат во подрачјето на операцијата Извор на мирот.

Во меѓувреме, е соопштено дека се неутрализирани 11 терористи и во операциите „Шепа-Молња“ и „Шепа-Гром“ коишто продолжуваат против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак.

Во споделената објава на Министерството за национална одбрана на својот профил преку социјалната мрежа Твитер се истакнува следното: „Со нашите артилериски орудија и успешната интервенција на нашите командоси во северниот дел на Ирак се неутрализирани 11 терористи на ПКК од кои 10 во операцијата 'Шепа-Молња' и еден терорист во операцијата 'Шепа-Гром'.“

 



Слични вести