Претседателот Ердоган: Џамијата „Таксим“ го зазеде своето место меѓу истакнатите симболи на Истанбул

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа на свеченото отворање на Џамијата „Таксим“ во Истанбул, рече : „Нашата Џамија 'Таксим' која се наоѓа меѓу неколкуте елитни проекти во светот го зазеде своето место меѓу истакнатите симболи на Истанбул“

1647612
Претседателот Ердоган: Џамијата „Таксим“ го зазеде своето место меѓу истакнатите симболи на Истанбул
Erdoğan Taksim Cami Açılış.jpg
Taksim Camii1.jpg
Taksim Cami 8.jpg
Taksim Cami 6.jpg
Taksim Cami 4.jpg
Taksim Cami 2.jpg
Taksim Cami 7.jpg
Taksim Cami 5.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа на свеченото отворање на Џамијата „Таксим“ во Истанбул рече : „Нашата Џамија 'Таксим' која се наоѓа меѓу неколкуте елитни проекти во светот го зазеде своето место меѓу истакнатите симболи на Истанбул.“

Џамијата „Таксим“ во Истанбул чиј камен темелник за изградба беше поставен пред 4 години, на 17 февруари 2017 година, денеска со учество и на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган е свечено отворена за верски обред со клањање на џума намаз (петочната молитва).

Претседателот Ердоган по џума намаз (петочната молитва) им се обрати на големиот број насобрани граѓани, кадешто меѓу другото го рече следното: „Нашата Џамија 'Таксим' каде го клањавме нашиот прв џума намаз (петочната молитва), нашиот Истанбул, посакувам да станат аирлија, повод за добрина, за нашата земја и за целиот исламски свет. Џамијата 'Таксим' ја сметам како испратен поздрав (селам) до Ајасофија Џами-и Кебир (Големата Џамија Аја Софија) која пред извесно време беше отворена повторно за верски обред (богослужба), како подарок за 568. годишнина од освојувањето на Истанбул. Џамијата 'Таксим' му е придадена на нашиот Истанбул по скоро еден и пол век борба.“

Џамијата „Таксим“ заедно и со другите значајни објекти стана едниот од симболите на плоштадот “Таксим“ и на Истанбул.

Во тој контекст, Џамијата „Таксим“ на истоимениот плоштад формира одделна целовитост и со грчката православна црква Аја Тријада (Света Тријада или Тројица) и објектот (резервоарот за распределба на вода) Таксим Максеми.

На влезот, подот и таванот на џамијата заземаат место Селџуцки мотиви со 8 краци.

Во склопот на комплексот на Џамијата „Таксим“ која е изградена во стилот на оригиналниот дизајн импресиониран од архитектурата на Бејуоглу од 19. век и секој дел е обмислен до најмали детали; заземаат место паркинг, изложбена простор, конференциска сала, ашчилница т.е. кујна и дигитална исламска библиотека.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели објава со фотографија на Џамијата „Таксим“ која е свечено отворена денеска.

Претседателот Ердоган во објавата напиша: „Аирлија џума“.

Ердоган во објавата ја сподели и фотографијата на Џамијата „Таксим“ во Истанбул во која во ист момент ќе можат да клањаат намаз, да извршуваат верски обред 2.250 лица внатре и некаде околу 2.000 лица во непокриениот дел под отворено небо, односно ќе биде со вкупен капацитет од над 4.000 лица.

- Џамијата „Таксим“ во Истанбул -

Изградбата на џамијата „Таксим“ на истоимениот плоштад на Истанбул започна на 17 февруари 2017 година и траеше некаде околу 4 години.

Внатрешниот дел на џамијата е украсен со калиграфска уметност со натписи (ајети од различни сури) од светата муслиманска книга Куран-и Керим.

Џамијата располага со површина од 16.500 метри квадратни.

Височината на џамијата изнесува 21 метар, главниот свод (куполата) е со височина од 9 метри и пречник од 28 метри. Височината на двете минариња изнесува по 61 метар.

Џамијата „Таксим“ има четири влеза, додека главната влезна врата изработена од челик е висока 7 метри и широка 3 метри и 10 сантиметри.

Освен тоа во склопот на комплексот на Џамијата „Таксим“ се наоѓа и троспратен паркинг со капацитет за 165 возила.

 



Слични вести