Објава од претседателот Ердоган со фотографија на новоизградената Џамија „Таксим“ во Истанбул

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели објава со фотографија на Џамијата „Таксим“ која ќе биде свечено отворена денеска, во која напиша: „Аирлија џума“

1647541
Објава од претседателот Ердоган со фотографија на новоизградената Џамија „Таксим“ во Истанбул

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели објава со фотографија на Џамијата „Таксим“ која ќе биде свечено отворена денеска.

Претседателот Ердоган во објавата напиша: „Аирлија џума“.

Ердоган во објавата ја сподели и фотографијата на Џамијата „Таксим“ во Истанбул во која во ист момент ќе можат да клањаат намаз, да извршуваат верски обред 2.250 лица внатре и некаде околу 2.000 лица во непокриениот дел под отворено небо, односно ќе биде со вкупен капацитет од над 4.000 лица..

Изградбата на џамијата „Таксим“ на истоимениот плоштад на Истанбул започна на 17 февруари 2017 година и таа ќе биде едниот од симболите и на Истанбул.

Во склопот на комплексот на џамијата „Таксим“ се наоѓаат и паркинг, конференциски и изложбени сали и дигитална исламска библиотека.

Внатрешниот дел на џамијата е украсен со калиграфска уметност со натписи (ајети од различни сури) од светата муслиманска книга Куран-и Керим.

Џамијата располага со површина од 16.500 метри квадратни.

Височината на џамијата изнесува 21 метар, главниот свод (куполата) е со височина од 9 метри и пречник од 28 метри. Височината на двете минариња изнесува по 61 метар.

Џамијата „Таксим“ има четири влеза, додека главната влезна врата изработена од челик е висока 7 метри и широка 3 метри и 10 сантиметри.

Освен тоа во склопот на комплексот на Џамијата „Таксим“ се наоѓа и троспратен паркинг со капацитет за 165 возила.



Слични вести