Комеморација во Анкара во чест на жртвите во расистичкиот напад во Золинген во Германија пред 28 години

Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (ЈТБ) одржа комеморација во чест на 5 мина Турци од кои 4 деца на семејството Генч, кои пред 28 години ги загубија своите животи во подметнат пожар во нивната куќа во германскиот град Золинген

1647314
Комеморација во Анкара во чест на жртвите во расистичкиот напад во Золинген во Германија пред 28 години

Не се заборавени Турците кои во 1993 година беа измасакрирани во извршениот расистички напад во градот Золинген во Германија.

Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (ЈТБ) одржа комеморација во чест на 5 мина Турци од кои 4 деца на семејството Генч, кои пред 28 години ги загубија своите животи во подметнат пожар во нивната куќа од страна на екстремно десничарските неонацисти расисти во градот Золинген.

Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (ЈТБ), во чест на сеќавање на жртвите во овој трагичен настан и за подигање на свеста за прекршувањата на човековите права во Европа, во квартот Улус во Анкара изгради слична куќа со куќата на семејството Генч, во која беше подметнат пожар.

Куќата во која се наоѓаат спомените на семејството Генч е отворена за посета за граѓаните на Анкара.

Во куќата исто така се наоѓа и спомен книга во која посетителите можат да ги напишат своите чувства.

Куќата изградена во спомен на безмилосно убиените 5 мина Турци од кои 4 деца од семејството Генч во подметнатиот пожар од страна на неонацистите во германскиот град Золинген, е отворена за посетување од 26 до 29 мај.



Слични вести