Ердоган објави видео порака со џамијата Таксим

Се надевам дека до Судниот ден нема да недостасува џематот во нашата џамија, езанот (повикот од минарињата) и гласот на Куранот од нејзината купола

1647759
Ердоган објави видео порака со џамијата Таксим

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган посака џамијата Таксим, која беше отворена во Истанбул, да биде аирлија и од корист.

Претседателот Ердоган, во објавата на својот Твитер профил истакна: „Посакувам нашата џамија Таксим, каде што денес го клањавме првиот петочен намаз, да биде аирлија и од голема важност за нашиот Истанбул, за нашата земја и за исламскиот свет. Се надевам дека до Судниот ден нема да недостасува џематот во нашата џамија, езанот (повикот од минарињата) и гласот на Куранот од нејзината купола“.

Во визуелната порака на Ердоган под наслов „Нашата нација денес го достигна својот 150 годишен сон“ беа објавени информации за џамијата.



Слични вести